20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Најмалку 37 загинати во протестите во Уганда

Најмалку 37 лица загинаа и стотици се приведени во немирите во Уганда, кои избија по апсењето на претседателскиот кандидат и поп-sвезда Боби Вајн, соопшти полицијата, додека источноафриканската држава се подготвува за избори во јануари.

Властите распоредија војници во главниот град Кампала и околните области за да и помогнат на полицијата да ги растера демонстрантите. Притоа користеле вистински куршуми, солзавец и водни топови за да ги смират нередите.

Вајн, чие вистинско име е Роберт Кјагулани, е уапсен во средата додека водел кампања во источна Уганда поради наводно одржување масовни митинзи со кои ги крши ограничувањата за собирање што ги донела владата со цел да се сузбие коронавирусот.

„Досега се пронајдени 37 тела“, изјави за „Ројтерс“ полицискиот патолог Мозес Бјаруханг.

Портпаролот на полицијата Фред Енанга изјави дека приведените демонстранти биле вклучени во насилства и напади врз луѓе кои не ја поддржуваат Платформата на националното единство на Вајн (НУП).

„Во последниве денови, сведоци сме на насилство, вандализам, кражба, заплашување и закани, злосторства извршени врз луѓе кои не се за НУП. Не можеме да го толерираме тоа”, рече тој.

Спонзорирано: