9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Француски министер: Ќе го победиме вирусот, но потребно е време

„Франција ќе ја добие битката против коронавирусот, но за тоа е потребно време“, изјави министерот за здравство, Оливие Веран.

Тој предупреди дека менталното здравје на Французите се влошува за време на второто затворање на земјата поради вознемиреност и неизвесност предизвикано од пандемијата.

„Вирусот циркулира помалку отколку пред затворањето. Не смееме да ги изневериме нашите напори. Затворањето не е поминато“, рече Веран на прес-конференција.

Трет ден по ред се намалува бројот на хоспитализирани пациенти, од кои во моментот има околу 32.000. Досега починале 47.127 лица како резултат на вирусот.