20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Д-р Трајковски: Вирусот е насекаде – потребен е итен „локдаун“

Професорот по теоретска механика на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ Дејан Трајковски ги повикува здравствените власти веднаш да спроведат целосно затворање, за да се намали бројот на заразени од ковид-19, затоа што вирусот е распространет насекаде.

Во продолжение го пренесуваме неговиот став искажан на Фејсбук:

„Јасно ми е дека не им е гајле што народот масовно се разболува и умира, само не ми е јасно како не им е страв за нив самите и нивните семејства? Зар немаат ни еден постар во семејството или се толку сигурни дека се недопирливи? Зарем не сфаќаат дека ја преплавија државата со вируси и дека се индиректно одговорни за смртта на 1.400 луѓе?

Со толку раширена циркулација на вирусот, повеќе не помагаат ни маски во затворени простории. Не помага ни одржувањето растојание, концентрацијата на вируси во воздухот е преголема и доволна е за инфекција дури и преку маски. Не е исто дали во просторијата има еден или десет заразени, со десет пати повеќе заразени и концентрацијата на вируси е десет пати поголема. Зар мислат дека сите што се заразиле се заразиле само поради лично невнимание?
Секое влегување во јавна затворена просторија веќе претставува ризик по здравјето и животот, затоа бараме да нé заштитат со тоа што ќе ги соборат бројките преку итен тотален локдаун, макар краткотраен. Самите повеќе не можеме да се заштитиме, колку и да сакаме“, порача професорот Дејан Трајковски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Леукемијата е најподмолниот облик на рак – ова се првите симптоми на злобната болест

M T

Некои се долготрајни и не поминуваат толку брзо: Еве некои од симптомите кои се чувствуваат пред срцев удар

M T

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T