13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАТОП ВЕСТИ

Вирусот ги запали регионот и Европа, на сила нови рестриктивни мерки

Корона вирусот беснее низ цела Европа и низ светот полнејќи ги црните статистики на сите држави, како со нови заразени пациенти, така и со починати. Исклучок не се ниту државите од регионот во кои рапидно расте бројот на смртни случаи.

Во Србија во последните 24 часа од корона вирусот се заразени нови 4 994 лица, од последиците од корона вирусот починале 24 пациенти. Ова е најлош ден од почетокот на епидемијата во Србија. Србија од вечерва оди под полициски час со цел спречување на ширење на зарзата. Почнувајќи од 21 часот, па се до 5 науто под клуч ќе бидат угостителските објекти, ноќните клубови, трговските центри и продавниците. Мерките ќе важат 15 дена, до 1 декември. Министерот за здравство, Златибор Лончар изјави дека 1 100 здравствени работници се позитивни на коронавирусот, а 52 од нив се хоспитализирани.

Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1 388 нови случаи, објавено е на владиниот профил на Твитер. Словенечката влада ги продолжи мерките против епидемијата за уште 30 дена во кои ќе може да се преземат активности за забавување на ширењето на вирусот.

Во Бугарија во последното деноноќие регистрирани се нови 3 519 случаи на Ковид-19. Дури 152 лица починале за истиот период, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата. Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани нови 1 945 случаи на инфекција со коронавирус, а 31 лице починало, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 15 371, меѓу нив 1 827 пациенти се на кислородна поддршка.

фото Pixabay / илустрација

Минстерството за здравство на Албанија информираше дека во последните 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 694 лица, што е највиска дневна бројка до сега. Техничкиот комитет на експерти за заразни болести на Албанија денеска донесе одлука за дополнителни ограничувања поради ширењето на коронаврусот.-Од денес се забранува собирање на повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор, забрана за партиски состаноци и собири, конференции, церемонии по повод празници,како и домашни веселби и погребни церемонии кои ќе може да се одржуваат само во кругот на семејството. Поради влошената епидемиолошка состојба Комитетот, чии одлуки се правосилни и нема потреба од дополнително одобрување од страна на Владата или ресорното министерство, на 11 ноември воведе полицски час од 22:00 до 06:00, а од 15 октомври задолжително носење заштитна маска и на отворен простор.

илустрација / pixabay

Националната организација за јавно здравје на Грција, денеска соопшти 63 смртни случаи од Ковид-19 и 2 422 новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина.Во споредба со вчера, за 43 е зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати и денеска изнесува 443. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека Турција, поради зголемениот број случај на зараза со коронавирусот, ќе воведе полициски час кој ќе се однесува на викендите и ќе трае од 20 часот навечер до 10 часот наутро, јавуваат турските медиуми. Поради мерките, одделни дејности како фризерските салони, трговските центри, рестораните и продавниците ќе мора да го прилагодат работното време. Покрај полицискиот час, Турција реши да ги затвори училиштата, па сè до крајот на полугодието наставата ќе се одвива онлајн. Останатите мерки кои ги најави Ердоган вклучуваат затворање на кафулињата и баровите на неодредено време, како и затворање на кино-салите до крајот на годината. Турција во последните 24 часа регистрирала 3 316 нови случаи на зараза со вирусот.

Сите овие бројки укажуваат на опасноста од корона вирусот и неможноста на државите лесно да се справат со силниот бран. И државите кои важат за поразвиени и поопремени во здрваствените системи потклекнуваат пред налетот на Ковид-19.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T