4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

„Јас сум првиот кој самоуверено ќе каже кога светот се враќа во нормала“ – професор од Оксфорд со позитивни вести

Светот со пандемијата коронавирус се бори веќе 11 месеци, а она што сите го исчекуваме е престанокот на користење на заштитните маски и слободното дишење воздух, без страв дека ќе се заразиме.

Кога тоа ќе се случи се уште со сигурност не може да се каже, но факт е дека борбата со коронавирусот напредува. Компанијата „Фајзер“ вчера објави дека нивната вакцина е 90 отсто ефикасна, а професорот на Оксфорд, Џон Бел смета дека благодарение на тоа светот може да се врати во нормала на пролет.

„Јас сум првиот кој оа ќе го каже со самодоверба. Животот ќе се врати во нормала до пролет. Да, да, да“, рекол Бел.

Неговиот универзитетски колега, професорот Питер Хорбај потврдил дека овој момент е важен и дека дава охрабрување и оптимизам.

„Почувствував олеснување кога ги видов резултатите. Ова е добар знак и пресврт, ми се чини“, рекол Хорбај.

Вакцината ефикасно штити од коронавирус седум дена откако ќе се прими втората доза тврдат експертите.

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник

M T

Шефот на Фајзер: Омикронскиот бран е последниот во кој ќе имаме такви ограничувања

M T