13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Црна Гора воведе строги мерки и полициски час

Црна Гора воведе строги мерки во борбата против коронавирусот, меѓу кои е и полициски час од 21 часoт навечер до 5 часот наутро во целата држава. Мерките ќе стапат на сила в недела, 15 ноември, и ќе важат до 1 декември, со можност за продолжување.

Со новите мерки е предвидена и забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите.

Работното време на продавниците и угостителските објекти ќе се скрати до 20 часот, а сите собири, како и одењето на гости, ќе бидат забранети.

Носењето маски ќе биде задолжително и во угостителските објекти, а како посебна дополнителна мерка за угостителите, ќе има и поставување плексиглас помеѓу масите.

Меѓу мерките се и забрана за групирање на повеќе од четири лица на отворено, забрана на верски собири, погреби, свадби, сите приватни собири и прослави (родендени, крштевки и други прослави).

Групните тренинзи во фитнес-центрите ќе бидат забранети.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора: Започна натпреварот во лежење. Победникот „носи дома“ многу пари

M T

Црна Гора ги враќа мaските

M T

Земјотрес од 4,1 степен ја погоди Црна Гора

M T

Вицепремиерот Маричиќ во еднодневна посета на Црна Гора

M T

Прва објава на Дритан Абазовиќ откако стана премиер на Црна Гора

M T

Во Ирпин кај Киев е на сила тридневен полициски час, денеска има девет коридори

M T