5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Заев пристигна во Софија: „Отвораме ново поглавје во развојот на регионот“

Премиерот Зоран Заев пристигна во Софија на лидерскиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, каде Македонија годинава е домаќин со Бугарија.

Заев беше пречекан од бугарскиот премиер, Бојко Борисов, со кого заеднички ќе го предводи годинешниот самит.

„Отвораме ново поглавје во развојот на регионот и за остварување на стандардите кои земјите од нашиот Западен Балкан ги ставаат поблиску до членството во ЕУ. Денеска ќе имаме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за Заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан“, истакна Заев по пристигнувањето во Софија.

Тој упати благодарност и до иницијаторот на Берлинскиот процес, канцеларката Меркел и до Германија, коментирајќи дека од нив континуирано добиваме силна поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и за регионалната соработка.

Спонзорирано: