10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСТАВАНАЛИЗАИЗБОР

Бугарија осамена, Германија и ЕУ принципиелни кон Македонија – Нема никакви разговори и компромиси поврзани со идентитет и јазик, тие се завршена работа со Преспанскиот договор

Во преговарачката рамка да стои чисто македонски јазик, без никакви фусноти, дополнителни објаснувања. Македонија при разговорите нема да има проблем дека краткото и долгото име имаат исто значење и дека литературниот македонски јазик е кодификуван во 1945 година, се само дел од позициите на македонската страна.

Според сознанија на Centar.mk нема да има никакви разговори и компромиси поврзани со идентитет и јазик, со оглед дека овие прашања се затворени со Преспанскиот договор и бетонирани во Обединетите нации.

Интересно е што целата Европска Унија, особено Германија која претседава со Унијата се принципиелни кон Македонија и го почитуваат нашето право на само-определување.

Од она што може да се види дека Бугарија е изолирана и работи на штета на сите, на своја, наша, но и на ЕУ.

Ниту едно од штетните барања Бугарија не се признени, ниту уважени, дознава Centar.mk од свои извори. Нема никаков член 45, нема бугарски корени на идентитет и јазик.

Македонија е посветена на договорот од 2017-та година кој беше тежок и голем чекор за нашата земја, со што како земја потврдуваме дека нема да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, целосно заштитени идентитет и јазик и чиста употреба на македонскиот јазик во преговарачката рамка, велат изворите на Centar.mk.

Бугарија која во моментов е осамена и изолирана во своите ставови има право на свое мислење, но без да ја злоупотребува позицијата во ЕУ, каде се бара 100% консензус при носење на одлуки.

Ова всушност може да се види од нон-пејперот кој беше објавен од австрискиот новинар Кристијан Фердинанд Вершуц, кој вопонеделникот откри, дека на неодамнешната средба во Берлин помеѓу Димитров, Османи и Захариева потпишан е т.н. нон-пејпер , кој Софија сега го отфрла и не го прифаќа.

ПРЕВОД НА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА АВСТРИСКИОТ НОВИНАР:
„Бугарија сега се заканува дека ќе го блокира почетокот на пристапните преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија !!! Софија го оправдува ова историски; ова вклучува дека Скопје треба да препознае дека корените на македонскиот јазик се бугарски дијалект; Покрај тоа, Северна Македонија треба да признае еден од своите херои ( Гоце Делчев н.з.) како Бугарин и исто така да ги отстрани таблите во кои Бугарија се нарекува окупаторска сила ( фашистичка н.з. ) во Втората светска војна. Минатата недела во Берлин се одржа состанок со кој претседаваше Ангела Меркел, на кој присуствуваа бугарскиот министер за надворешни работи и двајца министри од Скопје. Овој нон-пејпер беше договорен, чиј текст сега го објавувам официјално. Како и да е, Софија потоа се врати на својата блокаторска позиција. Текстот може да се цитира и дистрибуира повикувајќи се на мене како извор“

ЕВЕ ГО НОН ПЕЈПЕРОТ:

„1. БГР, МКД и Германското Европско Претседателство ( ДЕУ ) ја истакнуваат нивната заедничка посветеност за перспективата на ЕУ која ќе дојде од Западен Балкан и на кредибилна политика на проширување на ЕУ, како и за интензивирање на регионалната соработка, а сето тоа е клучно за стабилноста на регионот.

2. Во овој дух, БГР ја потврдува својата подготвеност да се согласи на рамката за преговори ЕУ – МКД и да ја одржи првата меѓувладина конференција во декември 2020 година за време на германското претседателство со Советот на Европската унија.

3. По повод првата меѓувладина конференција, МКД ќе објави официјално пред земјите-членки на ЕУ и институциите дека краткиот облик на нејзиното државно име – Северна Македонија – се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“.

4. БГР го задржува правото, во еднострана изјава да приложи кон рамката за преговори, и да изјави дека кога се повикува на македонски јазик, го разбира македонскиот јазик во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Претседателството на ДЕУ ќе побара од Советот официјално да ја забележи позицијата на БГР дека кога се однесува на македонскиот јазик, тоа треба да се разгледа во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. МКД е подготвена официјално да објави дека македонскиот јазик е кодиран во 1945 година.
5. БГР и МКД ја потврдуваат нивната подготвеност да ја интензивираат нивната блиска билатерална соработка врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со посебен фокус на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што треба да биде интензивирани и направени потранспарентни, вклучително и со објавување на постигнатите резултати. ДЕУ изјавува подготвеност да ја поддржи работата на Комисијата со споделување на најдобрите практики за методите на работа.
6. БГР и МКД официјално ќе го потврдат членот 11 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, вклучително и малцински прашања и повторно ќе се обврзат да преземат ефикасни мерки за спречување на ненамерна пропаганда од институции и агенции и да ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти при поттикнување на насилство, омраза и други слични активности што можат да бидат штетни за нивните односи.

7. БГР, МКД и ДЕУ ја нагласуваат важноста на поврзаноста и инфраструктурата, особено железничката и патната врска што се одвива од Драч преку Скопје до Софија и Варна. Тие ќе поддржат приоритет на Коридорот VIII во рамките на Економскиот и инвестициски план на Комисијата на ЕУ за Западен Балкан.

8. БГР и МКД се согласуваат за важноста за поттикнување на добрососедските односи на сите нивоа, вклучително и преку размена на млади, и размислуваат да започнат заеднички проект за размена на млади, додека заеднички ќе ги испитаат понатамошните можни области за соработка за поттикнување на меѓусебното разбирање и интензивирање на билатералните контакти, вклучително и проекти за размена на соработка помеѓу медиумите и збратимување на градови.

9. БГР, МКД и ДЕУ остануваат загрижени за тешката состојба предизвикана од пандемијата, нагласуваат дека тесната соработка меѓу соседите во рамките на ЕУ и на ЕУ со земјите од Западен Балкан е клучна за заедничко надминување на кризата што го доведува во опасност нашиот просперитет, социјална кохезија и стабилност.“

Ј.С.

Спонзорирано: