9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Од утре дополнителни 150 болнички капацитети на Интерните клиники, 500 дополнителни термини за тестирање во денот

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за моменталната епидемиолошка ситуација во земјава, болничките капацитети, организацијата и реогранизацијата на работата во Клиничкиот центар и повеќе јавно-здравствени установи.

„Во последните неколку недели имаме буквално експлозија на вирусот како кај нас, така во регионот и во цела Европа. Од информациите од колегите министри од околните земји навистина секаде е загрижувачка ситуацијата, најголем предизвик е бројот на сместувачки капацитети, болнички кревети, и секако кадарот којшто е се поизморен и дефицитарен“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека состојбата кај нас не се разликува од регионалните и светски трендови.

Тој се осврна на последниот месец, откако започна есенскиот бран. На крајот на септември вкупниот број на дијагностицирани пациенти изнесуваше 17977 од кои активни 2279 и за нешто повеќе од еден месец бројката е зголемена двојно, додека бројот на активни случаи е пораснат за околу 10000 односно согласно вчерашната статистика, 12762 пациенти. Од анализите и праксата процентот на лица на кои што им е потребна хоспитализација е околу 7, но со оглед на големиот пораст на активни случаи, бројот на пациенти во болниците е 890.

„Имајќи го предвид брзото пополнување на болничките капацитети, ние го активиравме нашиот план за обезбедување на дополнителни капацитети и сега практично целата зграда за интерни болести ќе биде наменета за третман на пациенти со КОВИД. Во овој момент се целосно исполнети капацитетите на Инфективната клиника, модуларната болница, исто така сега е во функција ставена институцијата Центар за белодробни болести, тука се уште има капацитети, но еве гледајќи го напливот и притисокот се активираше овој план за интерните клиники од приземните спратови каде што се клиниките за дерматологија и неврологија, понатаму горните спратови кае што се клиниките за гастроентерохепатологија, ревматологија, и нефрологија, тука го имаме предвид и делот за дијализа, и во следен акт и клиниките за оториноларингологија и очни болести. Да напоменам дека во овој момент и во следниот период кога ќе започне пополнувањето на сите овие кревети, нема да се поремети нормалното функционирање на овие клиники односно системот Мојтермин и понатаму во овој период пред нас продолжува да функционира, секако и сместувањето на пациенти во другите делови на оваа зграда на интерните клиники.“, рече министерот Филипче.

Филипче изјави дека лекарите и медицинските сестри се спремни, по повеќе координативни состаноци во изминатите денови, таа бројка на лекари и сестри е практично на располагање да биде распределена во сите овие болници и одделенија. Дополнителниот број на кревети кој што може да биде на располагање или ќе биде практично од утре е околу 150 и дополнителни 100тина на клиниките за ОРЛ и очни болести.

„Во овој момент со капацитет од 100тина кревети работи болницата „8 Септември“ без пореметување на редовниот програм. Доколку се наметне потреба и таму може да се зголеми капацитетот за сместување на пациенти. Голем е притисокот врз службите за брза помош, но ние направивме координација, во смисла на комуникација со координатори за сместување на пациентите согласно местата кои што ќе бидат на располагање дополнително, практично почнувајќи веќе од утре. Есенскиот бран освен во болниците, го зголеми и притисокот кон пунктовите за тестирање. Ние минатата недела веќе ги зголемивме капацитетите, во ИЈЗ, ЦЈЗ Скопје и лабораторијата во болницата во Козле за 400-500 теста на ден, а ги вклучуваме и брзите тестови. Тие ќе се прават во пунктовите во Здраствен дом Скопје, во болничките установи каде што се примаат пациентите, и не само тука во Скопје туку и во другите болници согласно распоредот кој што денеска го потврди и комисијата, како и алгоритмот односно индикацијата по кога се прави брз тест. Дополнителни 6 пункта ќе работат од понеделник тука во Скопје согласно распоредот за тоа колку време е потребно да се земе брис и да се направи овој брз тест, некаде дополнителни 500 термини во денот ќе бидат на располагање на сите граѓани и пациенти почнувајќи од понеделник. Само за градот Скопје дополнително на овие 500, сите тестови што ќе бидат на располагање во болниците, во Скопје и ширум државата“, истакна министерот Филипче.

Тој информираше дека пристигнати се сите вакцини за грип, за време на викендот ќе се направи дистрибуција. Спремни се пунктовите во Здравствениот дом и во Центрите за јавно здравје, и вакцинацијата ќе започне од вторник.

„Дозволете да упатам една порака за граѓаните. Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Сакам да се заблагодарам на сите здравствени работници, сите вклучени во овој процес, за надчовечките напори кои што ги даваат во моментот. Знам дека се преморени но искрено верувам дека ќе одговориме и на овој огромен здравствен предизивик за да издржиме и се избориме со овој опасен бран. Бараме поддршка од сите, од граѓаните, од медиумите, буквално од сите. Колку и да е ова до сега повторено, ќе повторам дека клучот во битката и стабилизирањето на состојбата е доследното почитување и придржување до мерките. Вирусот е широко распостранет, и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција. Имаме одлично димензионирани мерки, на утринскиот состанок на комисијата за заразни болести заклучивме дека дополнителни рестрикции во овој момент не треба да се прават, апелирам да се почитуваат сегашните рестриктивни мерки, да не се излегува од дома ако се нема потреба. Освен ако се нема некоја голема потреба, во маркет, на работно место или во училиште. Само сите заедно, солидарни и одговорни можеме да се справиме со кризата“, посочи Филипче.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T