10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Почина првиот Британец кој се разболе од Ковид-19, неговата мајка тврди дека никогаш не закрепнал од последиците

Првиот британски државјанин за кој се верува дека се разболел од коронавирус кон крајот на минатата година е пронајден мртов во неговата соба на Универзитетот Бенгор.

Студентот Конор Рид (26) се заразил со вирусот додека работел во училиште во Вухан, Кина, во ноември 2019 година. Тогаш тврдеше дека пиел загреан алкохол за да му помогне да ја победи болеста.

Неговата мајка откри дека Конор никогаш не ја надминал тешкотијата од заразата со коронавирус откако бил принуден да помине повеќе од 20 недели во „сурова“ изолација во Кина.

Смртта не се третира како сомнителна.

„Кратко по 22 часот, на 25 октомври, службата за итни случаи побара од полицијата во Северен Велс да интервенира во студентската соба во резиденцијалните сали на Универзитетот Бенгор“, изјави портпаролот на полицијата во Северен Велс.

За жал, и покрај најголемите напори на пријателите и болничарите, 26-годишниот студент беше прогласен за мртов на таа локација – додаде тој во изјавата.

Спонзорирано: