10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Британија почна забрзан процес за одобрување на вакцината на Оксфорд

Фармацевтската компанија „AstraZeneca“ денес објави дека британскиот здравствен регулатор (Medicines and Healthcare products Regulatory Agency) започнал забрзан преглед на вакцината против коронавирус. Вакцината на „AstraZeneca“ се развива во соработка со Универзитетот во Оксфорд.

„Го потврдуваме континуираниот преглед на нашата потенцијална вакцина против Ковид-19 од страна на регулаторната агенција“, соопштија од „АстраЗенека“.

При редовни прегледи, регулаторите можат да гледаат клинички податоци во реално време и да водат дијалог со производителите на лекови за процесите на производство и испитувањата за да се забрза процесот на одобрување.

Овој пристап е дизајниран да ја забрза проценката на перспективни лекови или вакцини.

„Блумберг“ во петокот објави дека регулаторот, исто така, започнал забрзан преглед на вакцината на „Pfizer“.

„AstraZeneca“ и „Pfizer“ се меѓу лидерите во трката за развој на вакцина против коронавирус, а во трката се и „Johnson & Johnson“ и „Modernа“.

Нивните вакцини се во доцната фаза на тестирање, а привремените податоци се очекуваат во наредните недели.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Британија во жалост, светот се збогува со кралицата Елизабета Втора

M T

Британија ќе инвестира 700 милиони фунти за нова нуклеарна централа

M T

Штрајк на 115.000 поштенски работници во Британија

M T

Британија денеска ја очекува најтоплиот ден во историјата, возовите се откажани поради жештините

M T