Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Има 1.049 пациенти на болничко лекување, од кои 82 пациенти се на апарати за дишење. Бројот на активни случаи е 15.952.

Вкупниот број на починати достигна 546.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 49.316 лица заразени со новиот коронавирус.

фото Pixabay / илустрација

Вкупно оздравеле 32.818 лица, од кои 1.908 во последните 24 часа.

Во моментов има 27.940 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 494.022 лица, од кои 8.741 во последните 24 часа.

Маркетинг