23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Индија се намалува бројот на новозаболени

Индија денеска објави дека се потврдени 48.648 нови случаи на коронавирус продолжувајќи го трендот на опаѓање на бројот на заразени лица иако вкупниот број на потврдени случаи во таа земја надмина осум милиони и е втора во светот веднаш зад САД.

Министерството за здравство исто така објави дека се регистрирани 563 смртни случаи во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на починати достигна 121.090 лица.

Забавувањето на пандемијата во Индија сега трае повеќе од еден месец и таа земја пријави помалку од 60.000 нови случаи за речиси две недели. Според Министерството за здравство, Индија има 594.386 активни случаи.

Иако бројот на заразени се намалува цо целата земја, главниот град Њу Делхи сепак може да се соочи со трет бран на епидемијата.

Њу Делхи, кој неодамна стана најтешко погодениот град во Индија, е меѓу неколкуте региони во земјата што бележат нагло зголемување на бројот на заболени од минатата недела.

Градот бележи повеќе од 5.000 случаи на ден во текот на изминатите три дена. Наглиот пораст на бројот на заразени доаѓа во време кога нивото на загадување е големо, што ги влошува респираторните заболувања кај жителите.

Спонзорирано: