15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Германија највисоко дневно зголемување од почетокот на пандемијата, повеќе од 18 илјади заразени

Германија во последните 24 часа евидентирала 18.681 случај на инфекција од коронавирус, објави Институтот „Роберт Кох“, и тоа е највисоко дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Во земјата досега биле заразени вкупно 499.694 лица. Според Институтот, регистрирани се 10.349 смртни случаи, 77 повеќе од претходниот ден.

Зголемувањето на бројот на заразени се случува во време кога германските федерални и провинциски власти се согласија за нови ограничувачки мерки за ноември во обид да се спречи инфекцијата пред Божик.

Културно-рекреативни објекти, ресторани и барови ќе бидат затворени, а настаните на отворено ќе бидат ограничени на членови на две домаќинства, со максимум 10 лица. Строгите ограничувања се во сила од понеделник.

Покрај тоа, навивачите нема да може да присуствуваат на фудбалски натпревари во Бундеслигата, нема да се одржуваат аматерски спортови, а спортските сали, базените, студијата за убавина, салите за масажа и студијата ќе бидат затворени.

Канцеларката Ангела Меркел го бранеше карантинот во ноември како соодветен, неопходен и пропорционален.

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, во четвртокот објави дека усогласеноста со новите мерки за борба против пандемијата на коронавирусот ќе ја следат илјадници федерални полицајци.

Спонзорирано: