20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп ги осуди нападите во Франција – ниту една земја веќе не може да ги толерира

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази солидарност со Франција по нападите во Ница и предупреди на неприфатливи „терористички напади“.

„Ние сме со Французите со целото срце. Америка е со нашиот најстар сојузник во борбата”, напиша тој на Твитер.

„Овие терористички напади од страна на радикалните исламисти мора да престанат веднаш. Ниту една земја, било да е тоа Франција или која било друга, не може да ги толерира повеќе“, додаде Трамп.

Три лица беа убиени утрото со нож во напад во црква во Ница, на југоистокот на Франција.

Напаѓачот е 21-годишен Тунижанец, кој неодамна пристигнал од Лампедуза, според извори блиски до случајот и за време на нападот извикувал „Алаху Акбар“.

Спонзорирано: