13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руската полиција уби 16-годишник кој пробол полицаец и извикувал „Алах акбар“

Руската полиција застрела 16-годишно момче во Татарстан, република каде што живее претежно муслиманско население.

Тој бил застрелан откога со нож пробол полицаец и се обидел да ја запали локалната полициска станица. Притоа тој извикувал „Алах акбар“.

Рускиот истражен комитет објави дека ќе го третира инцидентот како обид за тероризам, објави „Ројтерс“.

Тинејџерот се обидел да ја запали полициската станица во градот Кукмор со помош на „молотов коктел“, а за време на апсењето пробол полицаец најмалку трипати.

Друг полицаец испукал неколку истрели во воздухот како предупредување пред да биде принуден да отвори оган.

Младиот човек починал од повредите пред да пристигне брзата помош. Сè уште не е познато кој бил мотивот за нападот, а надлежните органи повеле кривична постапка.

Спонзорирано: