14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Пријава за дозвола за германската вакцина веќе во ноември

Извршниот директор на германската компанија „Бионтех“, Угур Шахин, очекува дека резултатите од доцната фаза на клинички испитувања на потенцијална вакцина против коронавирусот ќе бидат достапни набргу, а компанијата може да се пријави за добивање дозвола во САД кон средината на ноември доколку оценките бидат позитивни.

Шахин рече дека првите податоци за ефикасноста на вакцината се очекуваат кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

Тој рече дека е оптимист и дека компанијата ќе достави барање за употреба на вакцината до Управата за храна и лекови во средината на ноември доколку сè оди добро, пренесува „Ројтерс“.

„Бионтех“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“ се меѓу водечките компании што работат на развој на вакцина против коронавирусот заедно со „Модерна“ од САД и „Астра зенека“ од Велика Британија.

Спонзорирано: