9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Болсонаро: Коронавирусот можеби е биолошко оружје, заклучувањето на државите е лудо

„Пандемијата на Ковид-19 може да биде резултат на истекување вештачки произведен вирус од воена лабораторија“, рече бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за време на разговорот со своите приврзаници.

Тој исто така рече дека е лудо тоа што државите се повторно заклучени поради спречување ширење на вториот бран на коронавирусот.

Болсонаро го изјави тоа по повод одлуката на многубројни јужноамерикански земји да преземат построги мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот, пренесува „Ројтерс“.

Болсонаро е инаку познат по тоа што ги критикува мерките, вклучително и останувањето дома и заклучувањето на земјата.