5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата и Филипче да си дадат оставки

ВМРО-ДПМНЕ бара Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, Венко Филипче, да си дадат оставки.

„Македонија со Венко Филипче на чело на здравството соборува негативни рекорди. Бројката од 870 заболени за само еден ден е директно негова вина. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на Ковис-19 не се подготви. Бројот на починати е исто така алармантен, 14 вчера, а веќе неколку дена бројката е двоцифрена. Болничките капацитети се исполнети, Филипче цело лето не направи ниту една болничка просторија повеќе. Вакцини против сезонскк грип нема. Хронично болните се на удар“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, медицинскиот персонал не е целосно обучен и иако можело да се примени систем на ротација, тоа не се направило.

„Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата. Дополнително, проблем е и загадувањето за кое власта 4 години нема решение иако тврдеа дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух веднаш кога ќе дојдат на власт, 4 години потоа воздухот е позагаден од кога било претходно. Комбинацијата од загадениот воздух и Ковид-19 влијае фатално за лицата со хронични болести, а проблем е и за трудниците, затоа ВМРО-ДПМНЕ бара нивно ослободување од работа. Здравјето и животот на граѓаните нема цена. Филипче, покажи минимум емпатија со народот и дај си оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: