8 C
Скопје
3. декември 2020
Centar.mk – Дознај сѐ!
Коронавирус Македонија

„Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“ – говор на омраза кон Марјан Забрчанец

Откако вчера, Марјан Забрчанец, Националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, објави на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19, извесен Јордан Груев со експлицитен говор на омраза кон Забрчанец на својот Твитер профил:

„Забрчанец позитивен на коронавирус. Добра вест за СДС. Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“, стои во твитот на Јордан Груев.

Од она што може да се забележи од неговиот Твитер профил, тој живее во Мелбурн, Австралија, бил иницијатор на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во 1989 година.

Говорот на омраза е она што Јордан Груев го повторува во своите твитови. Само во последните 12 часа Груев,покрај твитот со говор на омраза кон Забрчанец, се „нафрла“ и врз пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска:

 

Славијанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието Добри вести се множат за СДС. Ќе се помолиме да цркне. Северџанска стока!“, пишува Јордан Груев.

Груев со експлицитен говор на омраза не одминал да коментира и за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

 

„Оливер Спасовски ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС. Многу добра вест. Ќе се помолиме да цркне што поскоро. Се надеваме да има еден Северџан помалку“, пишува Груев.

 

извор: Фронтлине.мк

МАРКЕТИНГ