11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туристи нападнати од ајкула во Египет: Детето останало без рака, мајката тешко повредена

Ајкула нападнала мајка и дете во морето во близина на одморалиштето Шарм ел-Шеик во Египет, пишува Си-ен-ен.

Детето изгубило рака, а мајката е тешко повредена.

Украинските туристи биле нападнати од ајкулата додека пливале во националниот резерват Рас Мохамед, се вели во соопштението на украинската државна Аенција за развој на туризам.

Тие биле итно пренесени на лекување во меѓународната болница „Шарм“, мајката имала длабоки рани од забите на ајкулата, а детето ја изгубило раката и се здобило со длабоки рани на грбот, се вели во соопштението кое се базира на податоци од украинската амбасада во Египет.

Сите активности во близина на местото на несреќата се прекинати, објави египетската државна новинска агенција Ал-Ахрам.

Според податоците, вклучително со споменатите украински туристи, повредени се дури пет лица, а меѓу нив и еден туристички водич.

Спонзорирано: