10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во секој момент треба да стапат на сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Откако Претседателот Стево Пендаровски ќе го потпише законот за заразни болести и истиот ќе биде објавен во Службен весник ќе стапат на сила новите мерки со кои забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на оваа мерка е 500 евра.

Собранието синоќа ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Со усвоените измени задолжително е носење заштитна маска на отворено, а исклучок од оваа мерка се лицата што активно спортуваат, децата под шест години и лицата со посебни потреби. Носењето маска не е потребно при возење во приватно патничко возило ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница или во угостителски објект каде што се применуваат специфичните протоколи за заштита.

фото Pixabay / илустрација

Исто така, забрането е групирање повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, како и задолжителна самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот. Во случај тестот да е позитивен, лицето останува во изолација.

За прекршителите на членот од законот што ја регулира самоизолацијата, предвидена е казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра. За неносење маска казната е 20 евра.

фото Pixabay / илустрација

Со законските измени се зголемуваат ингеренциите на инспекциските служби во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки, кои вклучуваат и затворање угостителски објекти доколку не ги почитуваат ковид-протоколите.

Со новите мерки е уреден и начинот на лекување лица заболени од Ковид-19 во приватни установи.

Важат и претходно донесените мерки за носење заштитна маска, шал или марама во јавен превоз, како и места на кои може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете, како и почитување на ковид-протоколите.

Мерките ќе стапат во сила, откако ќе бидат објавени во Службен весник. Оваа процедура според сознанија на Centar.mk, би требало да заврши до вечерва, а мерките да стапат најверојатно од утре.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

M T

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T