15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протести на ВМРО-ДПМНЕ против загадувањето на воздухот

ВМРО-ДПМНЕ повика на протести поради загадениот воздух. Протестите ќе се одржат во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и во Куманово. Протестот во Скопје ќе почне во 19 часот пред Владата.

„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на Владата предводена од Заев, животот на граѓаните е изложени на опасност“, порача опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ апелира – поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа и во приватниот и во државниот сектор.

„Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: