13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Twitter
КОРОНАВИРУССВЕТ

Мицотакис утре ќе соопшти дополнителни мерки за Грците

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, на онлајн-состанок на владата најави дека утре ќе бидат соопштени дополнителни мерки за спречување на вториот бран на пандемијата на коронавирусот во земјата.

„Утре ќе објавам нов едномесечен акциски план“, рече грчкиот премиер додавајќи дека целта на владата останува да спречи воведување целосна блокада во земјата.

Грција вчера потврди рекордни 1.547 нови случаи на коронавирус, а 10 пациенти починаа, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 603.

Од почетокот на пандемијата во земјата 34.299 лица биле заразени од коронавирус, од кои 55,3 проценти се мажи.

Спонзорирано: