9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си.

Двајцата позитивни пристигнале со воен лет и од моментот кога дознале дека се позитивни, биле ставени во карантин. И двајцата се асимптоматски случаи.

Владата на далечниот пацифички архипелаг соопшти дека двајца работници во американска база биле позитивни на тестот по пристигннувањето од Хаваито во вторникот. Властите нагласија дека двајцата заболени биле веднаш изолирани, без опасност од понатамошно ширење на вирусот во заедницата.

Маршалските Острови ги затворија своите граници во март за да спречат продирање на вирусот.

Повеќето островски држави во Пацификот ги затворија своите граници во раните денови на пандемијата поради загриженоста нивните слаби здравствени системи дека нема да може да се справат со епидемијата.

Во јуни Маршалските Острови ги ублажија ограничувањата и им дозволија на вработените во американската воена база да влезат во земјата, но со тринеделен карантин во базата.

Кирибати, Микронезија, Науру, Палау, Самоа, Тонга, Тувалу и Вануату сè уште немаат пријавено случаи на коронаврус.

Со население од 55.000 жители, Маршалските Острови се состојат од два синџира корални атоли заедно со повеќе од 1.000 островчиња, северно од Екваторот во Пацификот.

фото Pixabay

Тоа е самоуправувачка нација, но САД ја контролираат нејзината безбедност и одбрана и ѝ обезбедуваат милиони долари помош секоја година.

САД го изнајмуваат атолот Квајалеин како база за ракетни тестирања.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T