12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

ВМРО-ДПМНЕ: Шахпаска потврди поразителни состојби во градинките, позитивни се 86 деца и 26 вработени

Министерката за труд, Јагода Шахпаска, на денешната прес-конференција потврди зошто политиките и протоколите на власта се целосно промашени и не даваат резултат, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во градинките до вчера имало 86 заболени вработени и 26 позитивни деца на Ковид-19. Дополнително, 484 деца се во изолација. Тоа се над 500 семејства кои се во изолација поради пропусти во протоколите што биле преземени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека предлагале ваквите протоколи и подготовки за почеток на работата на градинките да се направат посистематски и со почитување на најстрогите препораки и мерки.

„На децата и на вработените и нивните семејства им посакуваме бргу да закрепнат, а на властите да почнат што побргу со сериозен и систематски пристап бидејќи се работи за здравјето и животите на најмладите и нивните семејства“, велат од партијата.

Спонзорирано: