Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Заев се тестираше за коронавирус, тестот е негативен

Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен, објави премиерот Зоран Заев

-Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.

Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, напиша Заев.

Маркетинг