Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

фото Pixabay / илустрација

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија објави дека од утре сите продавници и угостителски објекти повторно ќе може да работат, како и спортските натпревари на отворено можат да продолжат.

Од 8 ноември завршува забраната за жителите на Мелбурн да се движат повеќе од 25 километри од дома и ќе може да патуваат во другите делови на Викторија. Во Мелбурн, како извор на инфекција, беа воведени строги ограничувачки мерки на почетокот на јули.

Владата на Викторија е обвинета за нанесување непотребна економска штета одбивајќи да ги олесни мерките. Последната смрт предизвикана од Ковид-19 е регистрирана во Викторија пред седум дена.

Во Викторија вирусот зеде 817 животи, а во остатокот од Австралија вкупно 88 лица. На почетокот на август повеќе од 700 нови случаи биле регистрирани во Викторија секој ден, според АП.

Маркетинг