10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: 22 починати и 30 отсто од тестираните позитивни на Ковид-19, што треба да се случи за Филипче да си даде оставка?

„22 починати во текот на вчерашниот ден од Ковид-19, тоа е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче, кои преспаа цело лето без ништо да направат со цел да ја подготват државата за есенскиот бран. Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче, кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на целата пандемија не гледа причина да си поднесе оставка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Венко Филипче го внесува системот во хаос.

„Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети иако знаеше дека нè очекува есенски бран. Власта не направи ништо ниту навреме да обезбеди вакцина против сезонскиот грип, а со тоа ги остави возрасните и хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија. Венко Филипче не инвестира ниту во здравствениот персонал и со своето лошо менаџирање само придонесува медицинскиот кадар да ја напушта државата. Граѓаните очекуваат сериозен пристап, а не аматеризам. Одговорност веднаш“, се додава во соопштението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

M T