21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Песков: Ситуацијата со Ковид-19 е тешка, Путин ги добива сите информации

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 17.347 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е нов рекорд од почетокот на епидемијата.

Во моментот има 358.959 активни случаи, а од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 1.531.224 заразени лица.

Во последните 24 часа починале 219 лица, а закрепнале 7.574 пациенти.

Најмногу заразени има во Москва (5.224), Санкт Петербург (715) и во Московскиот Регион (499).

Во Москва како дел од мерките за борба против коронавирусот на луѓето со треска ќе им биде забранет влез во јавниот превоз, објавија градските власти.

На автобуските и метро-станиците се поставени апарати термовизори што ја покажуваат температурата на патниците. Доколку температурата е покачена, на патникот нема да му биде дозволено да влезе во возилото.

Во текот на изминатата недела инсталирани се повеќе од 400 термовизории на сите метро-станици.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ситуацијата со ширењето на Ковид-19 во Русија е тешка и дека претседателот Владимир Путин добива информации од сите региони.

Спонзорирано: