9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Од 1 ноември Израел почнува со клинички испитувања на државната вакцина

Израел на 1 ноември ќе почне со клинички испитувања на вакцината против Ковид-19, изработена од националниот истражувачки институт под надзор на Министерството за одбрана.

Во првата фаза на клиничките испитувања, која ќе трае три недели, ќе учествуваат 80 волонтери на возраст од 18 до 55 години.

Втората фаза на клинички испитувања на израелската вакцина ќе почне во декември, во која ќе бидат опфатени 960 лица постари од 18 години.

Ако првата и втората фаза се успешни, третата фаза на клинички испитувања со 30.000 волонтери треба да почне во април или мај. По тоа, вакцината може да биде одобрена за масовна употреба доколку се потврдат нејзината безбедност и ефикасноста.