4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема изговори, ниту трпение, ако не знаат како, нека си ги спакуваат куферите, доста Македонија ги губи своите чеда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се јави преку социјалната мрежа Фејсбук по високиот број на починати лица. Тој вели дека „земјата го плаќа Заев со животите на луѓето кои се губат затоа што имаме отсуство на организиран систем да се соочи со опасноста“.

„Само денес 22 лица починаа поради Корона. Над 900 починати од почетокот на кризата. Таквата катастрофа е последица на убиствената неспособност на Владата. За жал земјата го плаќа Заев со животите на луѓето кои се губат затоа што имаме отсуство на организиран систем да се соочи со опасноста. Нема изговори, ниту трпение. Ако не знаат како, нека си ги спакуваат куферите, доста Македонија ги губи своите чеда поради неспособната Влада и мафијата на Заев“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Денеска во изминатите 24 часа регистрирани се рекордни 22 лица починати, а позитивни се 561 лице, односно 30% од направените тестови.