4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Клиничка болница Сплит / фото kbsplit.hr
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

КБЦ Сплит бара 300 медицински сестри, на конкурс се јавиле само 14

Клиничкиот болнички центар во Сплит распиша конкурс за вработување медицински сестри, а досега се пријавиле само 14.

На сите оддели во болницата има недостиг на медицински сестри, најпотребни се во одделите за интензивна нега и во ургентните соби, додека бројот на пациенти во болницата расте. КБЦ Сплит, исто така, се обиде да привлече медицински сестри со штотуку завршено училиште, објави весникот „Даламација”.

„Недостигот на медицински сестри е проблем многу години, особено во оваа ситуација во која се наоѓаме денес и каде медицинската сестра како професија стана, можам да кажам, дефицитарна. Бројот што е потребен според нормите што го одредуваат бројот на вработени – во моментов недостигаат околу 300медицински сестри во сплитската болница”, изјави за ХРТ, Марија Гранчиќ, главната медицинска сестра на Клиничкиот болнички центар Сплит.

„Во европските земји, на одделот за интензивна нега, има две медицински сестри на еден сериозно болен пациент, а тука на 10 пациенти работат едвај пет”, вели Марко Зораја, постар медицински техничар во КБЦ Сплит. Тој додаде дека пациентите засега не страдаат од недостиг на персонал, но „медицинските сестри и техничарите паѓаат од нозе”. Болничката плата на медицинските сестри и техничарите е од 5.000 до 7.000 куни (од 650 до 900 евра), пренесува ХРТ.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T