24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам

Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

– Во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија, упатувам изрази на длабоко сочувство за оваа голема загуба.

Со Амди Бајрам, како долгодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник, имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата и за заедницата на Ромите во нашата земја.

Во овие денови на длабока жалост, се надевам дека зборовите на искрено сочувство ќе бидат утеха за големата загуба за неговото семејство и пријателите, напиша Заев.