Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Centar Свет

Рекордни 935 новоинфицирани лица во Грција

фото Pixabay / илустрација

Во Грција, во последните 24 часа се потврдени 935 случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Од новозаразените, 44 биле откриени на границите.

Уште пет пациенти починаа, така што вкупниот број на смртни случаи од последиците на Ковид е 19.564, објави Националната организација за јавно здравје, пренесува АНА. Просечната возраст на починатите пациенти е 79 години.

фото Pixabay / илустрација

Денес стапија на сила новите мерки за борба против епидемијата. Маските во затворени простории и на отворено се задолжителни, а полицискиот час започнува 30 минути по полноќ и трае до пет наутро во жариштата.

Од утрово во Атина кружат полициски патроли кои ги информираат граѓаните на грчки, англиски и арапски јазик за новите мерки.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се заразени 29.992 лица.

Можеби ќе ве интересира

Од компликации од ковид починаа 36 годишен скопјанец и 41 годишен битолчанец

CENTAR MKD

Холанѓаните “обучуваат” пчели да ја “насетат” короната

CENTAR MKD

Нов сој на коронавирусот стигна до Европа: Што се знае за него?

CENTAR MKD