21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Галопира коронавирусот во Хрватска: Во понеделник ќе се носат нови мерки, но дали на оваа држава и се заканува целосно затворање или полициски час?

Хрватска ќе воведе нови мерки од понеделник и тие ќе одат во насока на намалување на бројот на луѓе на јавни собири.

“Сигурен сум дека можеме да преземеме повеќе мерки кои едноставно ќе спречат ситуации во кои инфекцијата полесно се шири меѓу населението. Очекувам конкретни предлози утре. Ние мора да ги сведеме на минимум сите собири”, рече Пленковиќ.

Не беше јасно дали ќе има целосно затворање и полициски час, но вицепремиерот и началник на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ по состанокот на владата рече дека утре ќе бидат презентирани нови епидемиолошки мерки во борбата против коронавирусот, но нема да има целосно затворање, ниту полициски час, пренесува порталот „Индекс“.

Да потсетиме, кога станува збор за регионот, најголемиот број новозаболени лица беше утврден во Хрватска, каде во последните 24 часа беа потврдени 2.242 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починаа. Од нив 798 се од Загреб.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T