Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Високи бројки: 518 новозаразени и 9 починати од ковид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-261, Куманово-13, Штип-19, Прилеп-21, Тетово-30, Струга-5, Велес-13, Битола-21, Охрид-15, Кавадарци-11, Гостивар-10, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Планка-4, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-6, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-8, Кичево-13, Ресен-6, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од: Скопје-112, Куманово-2, Штип-7, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-1, Велес-2, Битола-9, Охрид-3, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-10, Радовиш-5, Кочани-8, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-3.

фото Pixabay / илустрација

Починати се 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.

Направените 2367 теста се преку: ИЈЗ-721, ЦЈЗ Скопје-82, Авицена-496, Биотек-271, МАНУ -170, Жан Митрев (Филип Втори) -210, Систина со PCR метода -136 , лабораторија Лаор –77, Судска медицина-28, ЦЈЗ Битола-99, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19.

фото Pixabay / илустрација

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 18 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

фото Pixabay / илустрација

Во ГОБ „8 Септември“ има 3 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

фото Pixabay / илустрација

МАРКЕТИНГ