11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

„Додека нашите лекари се борат на фронтот, тој оди во ресторан”

Чешкиот премиер Анджеј Бабиш најави смена на министерот за здравство Роман Примула, доколку тој самиот не си даде оставка.

Ова ќе се случи поради состанок во ресторан кој беше затворен во согласност со мерките на владата со цел да се потисне епидемијата на коронавирус.

„Додека нашите здравствени работници се борат на фронтот за да спасат животи на нашите граѓани, апсолутно нема оправдување за такво нешто“, изјави Бабис пред новинарите.

 

Министерот за здравство се најде на мета на критики во јавноста, бидејќи медиумите објавија дека тој прекршил строги ограничувачки мерки за борба против коронавирусот, со одење во ресторан во Прага, а опозициските и владејачките партии бараат негова оставка.

Чешка има најголема стапка на инфекција во Европа и нејзиниот здравствен систем е под голем притисок.

Повеќе од 223 000 луѓе се заразени во земјата, од кои една третина во последните седум дена.

 

Сличен случај и за пролетниот бран ковид 19 во Македонија – Лидерот на опозцијата во неколку наврати ги кршеше мерките

Да потсетиме дека сличен случај имаше и во Македонија кога ресторан во Дебар Маало во затворениот простор за време на пролетниот бран ковид 19, специјално беше отворен за Христијан Мицкоски и функционери на ВМРО ДПМНЕ. Тие заработија казни и беа осудени од јавноста.

Мицкоски претходно беше обвинет од страна на опозицијата дека користел и теретана, додека теретаните беа официјално затворени.

Деновиве ВМРО ДПМНЕ организира протести и покрај високите бројки на нови случаи на Ковид 19, без да ги земат во предвид препораките да нема групирања.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Во училиштата во Чешка, наместо греење, на учениците им дале ќебиња

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T