13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay / Илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Загрижувачки корона-рекорди на Балканот: Словенија – 1663, Хрватска – 1.563, Бугарија -1.472, БиХ – 999…

Загрижувачки нови корона-рекорди се регистрирана во повеќе балкански земји во последние 24 часа. Вчерашниот рекорд од 1.503 новоинфицирани во Словенија, денес е урнат, а новиот изнесува 1.662. Бројот на вкупнопочинатите во Словенија од почетокот на пандемијата се зголеми на 207.

Нов рекорд денеска бележи и Хрватска со 1.563 новозаразени во последните 24 часа. Починале 13, со што бројот на починатите од почетокот се зголемил на 406. Во Бугарија во последните 24 часа починале 29 заболени, период во кој биле регистрирани 1.472 новозаразени.

Рекорд на новозаболени има и во Босна и Херцеговина, каде што во последните 24 часа се регистрирани 999 новоинфизирани, а во изминатото деноноќие починале 20 заболени.

Спонзорирано: