Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Вонредната состојба во Франција можно е да трае до 16 февруари

Француската влада размислува за продолжување на вонредната состојба поради пандемијата на Ковид-19 до 16 февруари в година, пренесува „Скај њуз“.

Владиниот портпарол Габриел Атал во изјава за медиумите рече дека уште неколку француски региони ќе влезат во т.н. статус на црвен аларм, што значи дека и во нив ќе се воведе полициски час, кој во моментот е во сила во најголемите француски градови.

Предложениот нов датум за крај на вонредната состојба значи дека полицискиот час, кој трае од 21 до 6 часот наутро секој ден, би можел да се продолжи.

Маркетинг