10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Првата земја во Европа којашто се враќа во карантин – започнува од полноќ, а ќе трае 6 седмици

Ирска е првата европска земја која што објави дека се враќа во целосен карантин за да го запре ширење на коронавирусот, а целата нација повторно ќе биде затворена на шест седмици.

Премиерот на Ирска, Мајкл Мартин, во понеделникот соопшти дека блокадата ќе стапи на сила денеска на полноќ.

„Нивото на ограничување во врска со коронавирусот се подигна на досега највисоко ниво“, потврди Мартин.

Мерките кои што ќе почнат да важат од полноќ се најстрогите во Европа, а подразбираат затворање на малопродажбата, освен за основните потреби, ограничување на излегувањето на граѓаните до пет километри од нивниот дом, а рестораните и баровите ќе можат да работат само со достава.

Владата соопштила дека ќе има казни за секое кршење на рестрикциите, пренесува „Euronews“.

Училиштата ќе останат отворени затоа што „не можат да дозволат иднината на децата и младите да бидат жртва на оваа болест“, а исто така ќе продолжи и работата во градежништвото.

„Секој од нашата земја е замолен да остане дома“, изјавил министерот на Ирска.

Хотелите може да останат отворени, но само за оние на кои што тоа им е најпотребно.

„Во настојување да го сузбиеме вирусот, воведовме еден од најстрогите европски режими“, изјавил Мартин во телевизиското обраќање, две седмици откако го отфрлил апелот на здравствените работници да се премине на петтото ниво.

„Владата одлучи дека доказите за потенцијалната тешка ситуација која што допрва треба да дојде, сега се посилни“, изјавил Мартин.

По најавата на Мартин, редици граѓани чекале пред козметичките салони, фризерниците затоа што луѓето предвиделе дека таквите услови веројатно нема да се вратат до декември месец.

Pixabay

Мартин исто така изјавил дека се надева дека Владата ќе успее да го сузбие вирусот и дека ќе овозможи отворање на малопродажните објекти до првата седмица од декември за да го „спасат“ Божиќ.

Во неделата Ирска по петти пат за девет дена го сруши рекордот во број на случаи забележани во еден ден и ја има 12-та највисока стапка меѓу 31 европска земја која што ја следи Европскиот центар за контрола на болести.

И другите земји во Европа, како Белгија, Франција и Холандија ги затворија баровите и рестораните и воведоа полициски час во ноќните часови, но ниту една од нив нема ограничувања на патувањата во внатрешноста на земјата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

Маричиќ денес е домаќин на министрите за Европа на Финска и Ирска

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T