12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАТОП ВЕСТИ

ПОВТОРНО ВИСОКИ БРОЈКИ: Нови 640 заразени и 12 починати од ковид во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10.

Pixabay / Илустрација

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-5 Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Неготино-2.

Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Pixabay / Илустрација

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

Од вчера се евидентираат три контролни теста, Направените 2634 теста се преку:

ИЈЗ-758, ЦЈЗ Скопје-114, Авицена-562, Биотек-235, МАНУ -193, Жан Митрев (Филип Втори) -288, Систина со PCR метода -161, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-51, ЦЈЗ Битола-115, Инфективна клиника-10, ГАК-7, Синлаб-76, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид -19.

Pixabay / Илустрација

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

фото bolnica.org.mk / Официјален веб сајт на Градска болница 8-ми септември

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Спонзорирано: