7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во стампедо во ред за визи загинаа 15 луѓе

Најмалку 15 луѓе загинаа во стампедо пред пакистанскиот конзулат во Џaлалабад, каде што околу 3.000 граѓани чекаа во ред за виза.

Стампедото се случи вчера кога насобраните луѓе почнаа да се туркаат едни со други.

Единаесет од 15-те жртви се жени, а меѓу повредените се и постари граѓани, рече Сохраб Кадери, член на покраинскиот совет.

„Барачите на виза се наметнуваа да добијат знак од официјалните претставници на конзулатот, метежот излезе од контрола и доведе до стампедо“, рече еден официјален претставник.

Десетици илјади Авганистанци патуваат секоја година во Пакистан, претежно заради лекување, едукација и работа.

Спонзорирано: