13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Заразата од коронавирусот во Албанија расте: „Ние мора да избегнеме затворање на земјата по секоја цена“

Во последните 24 часа биле тестирани 1.407 лица, 110.189 од почетокот на пандемијата, пренесува албанскиот портал Егзит.

Од почетокот на пандемијата, 17.651 лице се разболело од коронавирус, додека 458 луѓе починале како резултат на вирусот.

 

„Не сакаме да им кажуваме на луѓето да останат дома“

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека ги презема сите мерки за да се избегне второто затворање на земјата поради вирусот ковид 19.

За време на јавната презентација на мрежата на инспектори, кои ќе ги предупредат граѓаните да носат маски и да ги почитуваат мерките, тој рече дека по секоја цена ќе се обиде да го избегне тоа, пренесува албанскиот портал Егзит.

Тој рече дека владата на таа земја има две цели – да спречи ширење на вирусот и да избегне затворање на земјата, од која стравува целиот свет.

„Не сакаме да ја затвориме земјата, не сакаме да им кажуваме на луѓето да останат дома повторно“, рече Рама.

Рама исто така ја истакна важноста од примена на мерки за да се спречи распаѓањето на здравствениот систем и уништување на повеќемесечниот труд на лекарите, а носењето маски го претстави како да е „домашна задача“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Ковачевски: Треба целосно да ги подигнеме рампите со Србија и Албанија, ние сме единствен регион во светот со граници

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

Фон дер Лајен: Македонија и Албанија денеска ги отвораат пристапните преговори

M T

Рама: Блиску сме до откривање гас и нафта во Албанија

M T