20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Во БиХ нови рекорди: 718 заразени и 20 починати од коронавирусот

Во Босна и Херцеговина во вторникот се соборени рекордните показатели според бројот на новозаразените и починатите од Covid-19 во еден ден, откако пријави уште 718 случаи на заразата и дури 20 починати лица.

По тестирањето на малку повеќе од 2.600 примероци, коронаинфекцијата е потврдена кај 473 лица од Федерацијата БиХ, и кај 245 од Република Српска. Во Сараево изминатите 24 часа регистрирани се 135 новозаразени, во Мостар 57 а во Бања Лука 83 заразени.

Во изминатото деноноќие во Федерацијата БиХ се потврдени 16 смртни случаи, а здравствените власти на Република Српска пријавија уште четири летални исходи како последица на зараза со коронавирусот.

Директорот на Институтот за јавно здравство на Република Српска, Бранислав Зељковиќ, потврди на прес-конференција дека во ентитетот се загрижени од постојаното зголемување на брокот на заразените, па поради тоа планираат воведување дополнителни рестриктивни мерки.

„Поради влошување на состојбата подготввуаме сет нови епидемиолошки мерки“, рече Заљковиќ. Според новите мерки бо можеле да подразбираат задолжително носење заштитни маски и на отворен простор, а таквото упатство од минатата седмица е на сила само во вториот ентитетот Федерацијата БиХ, односно во Сараевската жупанија.

Од Федерацијата БиХ засега нема навестувања за воведување дополнителни ограничувања, а властите апелираат до населението да се придржува до веќе донесените мерки кои се разликуваат од една до друга жупанија.

Од избувнувањето на епидемијата во март во БиХ досега заразата со новиот коронавирус е потврдена кај малку повеќе од 35.000 лица, а починале 1.017 луѓе.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T