10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата попладнево ги донесе новите мерки: Угостителските објекти се затвораат по 23 часот, администрацијата ќе работи онлајн и двосменски, јавниот превоз со 50% намален капацитет…

Владината седница на која се одлучуваше за нови директори на повеќе институции, но и за нови заострени мерки поради високиот раст на новозаразени од ковид 19.

Според информациите на Centar.mk, Владата веќе ги донесе новите мерки, а тоа се затворање на кафетерии и ресторани  по 23 часот секој ден. Ќе може да работат само оние кои вршат достава до дома.

Администрацијата каде што тоа е можно ќе работи онлајн, а јавниот преоз ќе работи со намален капацитет.

Денеска во Собранието не се расправаше по предлог измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, затоа што ВМРО ДПМНЕ не сака да го гласа. Поради ова најавена е средба помеѓу работна група на ВМРО ДПМНЕ и министерот Венко Филипче, но за утре.

Власта не може да собере мнозинство, бидејќи двајца пратеници биле позитивни на ковид 19, а ВМРО ДПМНЕ не сака да направи кворум.

Неофицијално Centar.mk дознава дека ВМРО ДПМНЕ вечерва на Извршен одбор ќе одлучува кој ќе биде претставникот во работната група, а и ќе разговара за Законот за заразни болести.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T