12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Владата на Макрон предлага распуштање на најголемите исламистички здруженија

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, ќе предложи распуштање на неколку големи исламистички здруженија по убиството на учителот Самуел Пати, пренесува „Ле Фигаро“.

Дарманин рече дека одлучувањето ќе им го остави на судовите, но тврди дека ќе предложи распуштање на неколку контроверзни исламистички групи како што е Колективот против исламофобија во Франција (ЦЦИФ).

Дарманин отиде дотаму што изјави дека верува оти неколку фактори во врска со групите ги направиле „непријател на Републиката“ и помогнале да се создаде атмосфера што доведе до обезглавување на Пети минатата недела.

ЦЦИФ беше вклучен во укинување на забраните за исламска облека за пливање позната како буркини, што ги посочија како политичка исламофобија, откако неколку локални самоуправи покрај француската Ривера ги забранија буркините во 2016 година.

Дарманин исто така ја спомена „Баракасити“ како друга група што би сакал да ја распушти зашто оваа исламистичка невладина организација е осомничена дека има блиски врски со радикалниот салафистички екстремизам.

Претседателот и основач на „Баракасити“, Идриз Сихамеди, е етикетиран како салафист, а во 2014 година се дозна дека тој бил под надзор на француската агенција за внатрешна безбедност, Генералниот директорат за домашна безбедност (ДГСИ).

Невладината организација беше обвинета дека собрала донации во вредност од околу 3 милиони евра во 2013 година, но потрошила само повеќе од еден милион, регистрирајќи профит од речиси 2 милиони евра.

„Лесно е да се види како политичкиот ислам се приклучува кон радикалниот ислам и на крајот води до тероризам. Ние мора да се бориме против политичкиот ислам со истата сила како против тероризмот “, рече Дарманин.

Француската влада изрази желба да се бори против исламистичкиот сепаратизам во Франција уште по изборот на претседателот Емануел Макрон во 2017 година. Администрацијата на Макрон затвори неколку џамии, училишта и други здруженија поврзани со радикализмот во последните неколку години.

Сепак, разузнавачкиот извештај на ДГСИ откриен во јануари покажа дека радикалните исламисти контролираат дури 150 населби низ Франција.

Спонзорирано: