8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад.

Од друга страна, Роспотребнадзор наведува дека во Русија не е идентификуван нов вид на вирус.

Норвешкиот таблоид „Верденс ганг“ објави дека е откриена нова мутација на коронавирусот во Норвешка во Трондхајм на северот на земјата, пренесува ТАСС.

„Русија, сепак, не идентификува нов вид на коронавирус што би можел да биде суштински различен од оној што циркулира во други земји“, соопшти надзорниот орган за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор.

Се наведува дека Русија систематски ја проучува генетската разновидност на САРС-КоВ-2 верзиите во оптек, како и дека повеќе од 150 геноми се декодираат месечно.

„Добиените податоци се користат за да се анализира релевантноста на системите за дијагностички тестови и да се помогне во идентификување на увезените случаи и да се проценат регионалните карактеристики на генетската разновидност на САРС-КоВ-2. До денес, во Русија не се изолирани видови кои би можеле драстично да се разликуваат од оние познати во други земји”, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T