11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Словенија прогласи епидемија

Словенечката влада вечерва официјално прогласи епидемија на коронавирус.

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, претходно на Твитер објави дека епидемијата ќе биде прогласена за територија на цела Словенија и дека ќе трае 30 дена, почнувајќи од понеделник, пренесува словенечката агенција СТА.

Тој додаде дека владините седници се во тек.

Во Словенија, учеството на позитивни резултати во вкупниот број на тестирани примероци за прв пат надмина 19 проценти, откако вирусот беше потврден во 726 случаи меѓу 3.765 тестови, пренесува СТА.

Ова значи дека бројот на активни случаи на ковид-19 во Словенија во моментов е 6.651, додека вирусот е потврден кај 13.151 лице од почетокот на пандемијата.

Во претходните 24 часа, уште три лица починаа како резултат на ковид-19 во Словенија, со што вкупниот број на смртни случаи од оваа болест се зголеми на 187.

Четиринаесетдневната кумулативна стапка на инциденца на 100.000 луѓе достигна 317, за разлика од 290 претходниот ден.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Словенија падна снег

M T

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила наследени од Југославија

M T

21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

M T

Кина стави во карантин град со 21 милиони жители поради коронавирусот

M T

СЗО: Забавува епидемијата со мајмунски сипаници во Европа

M T

Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите

M T