20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица заразени со коронавирус, а одлуката за можно затворање на Подгорица ќе биде донесена откако ќе пристигнат резултатите од 200 примероци од Германија.

Од денеска ќе се воведе полициски час од 22 до 5 наутро во Будва, Улцињ, Цетиње, Колашин и Жабљак, а ќе има и затворање на училиштата, градинките и рестораните, изјави директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Бобан Мугоша.

Тој додаде дека мерките се воведуваат бидејќи стапката на инфекција во тие градови е поголема од 800 на 100.000 жители.

Откако бројот на пациенти почна нагло да се зголемува во септември, властите воведоа т.н. семафор според кој се воведуваат локални мерки во зависност од бројот на заразени.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора: Започна натпреварот во лежење. Победникот „носи дома“ многу пари

M T

Црна Гора ги враќа мaските

M T

Земјотрес од 4,1 степен ја погоди Црна Гора

M T

Вицепремиерот Маричиќ во еднодневна посета на Црна Гора

M T

Прва објава на Дритан Абазовиќ откако стана премиер на Црна Гора

M T

Во Ирпин кај Киев е на сила тридневен полициски час, денеска има девет коридори

M T